Европската комисија најави дополнителни 30 милиони евра хуманитарна помош за Либан за снабдување со храна, домување и здравствена заштита.
Комесарот на Европската комисија за управување со кризи Јанез Ленарчич рече дека целта на помошта е „брза поддршка на погодените од конфликтот во Либан за да добијат итна помош“.
Комисијата ја организира испораката на помош во Бејрут преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, платформа за координација и споделување на ресурсите за итни случаи.
Комисијата наведува дека досега во Либан во 2024 година е испорачана повеќе од 104 милиони евра хуманитарна помош од ЕУ.