По долго и тешко боледување, почина пејачот Зоран Калезиќ на 73-годишна возраст.
Фолк-пејачот од крајот на минатата година се борел со ракот на белите дробови, а откако ја дознал дијагнозата бил и опериран во една црногорска болница.
Меѓутоа, свесен дека се работи за подмолна болест, која напредувала во секој момент, сеѐпочесто се сеќавал на својот покоен кум Тома Здравковиќ, кој почина од рак на простата.
– Сега полека тргнав на пат кон мојот кум Тома. Наскоро ќе се сретнеме, но имам уште нешто да направам дотогаш. Го чекам концертот во Домот на синдикатите за уште еднаш да ги слушнам нотите кои ги враќаат сите органи на вистинското место. Имам потреба уште еднаш да ги видам сите тие луѓе во публиката – низ солзи неодамна изјавил Калезиќ.
Иако по операцијата беше активен во медиумите, во последните неколку месеци целосно се пензионираше.
Да потсетиме, Зоран Калезиќ по потекло е од Црна Гора. Во текот на својата повеќедецениска кариера продаде повеќе од 15 милиони носачи на звук.