More

    По четири месеци ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија.

    Путин првпат по инвазијата врз Украина ќе патува во странство, односно ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан.

    Предвидено е Путин во Душанбе да се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник. Рускиот претседател во Ашгабат ќе присуствува на Самитот на касписките држави, на кој ќе присуствуваат и лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и на Туркменистан.

    При руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари, загинаа илјадници луѓе, а раселени се милиони лица, а Москва се најде под строги финансиски санкции од Западот. Путин тврди дека санкциите поттикнале зајакнување на трговските врски на Русија со Кина, Индија и Иран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img