По 4 години Македонија ќе испрати дипломатски претставник во САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Попов, денеска го помина и филтерот на собраниската Комисија за надворешна политика.

Тој своите тези за дипломатската мисија во САД ги презентирање пред Комисијата за надворешна политика, зад затворени врати, поради како што истакна претставник на МНР, доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Со презентацијата на тезите во Парламентот завршени се сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатската мисија во Вашингтон. Попов на оваа позиција доаѓа од местото државен секретар во МНР.

Пополнувањето на амбасадорското место во САД кои се наш стратешки партнер и НАТО-сојузник, следи по повеќе од четири години од заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумовски.

Покрај амбасадорот Попов, пред членовите на Комисијата своите тези за дипломатските активности треба ди ги претстават и новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Република Словачка, Евгенија Илиева, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

МНР информира дека за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа за нив ќе биде пратена во скоро време. Станува збор за Виктор Димовски кој ќе биде амбасадор во Франција, Агнеза Руси во Бугарија и Јован Манасијевски во Турција.

Share This Article