More

    По 11 години од катастрофата: Полициска станица во близина на нуклеарната централа во Фукушима

    spot_img

    По повеќе од 11 години отворена е полициска станица во јапонскиот кварт каде се наоѓа нуклеарната централа Фукушима.

    Во март 2011 година во нуклеарната централа во Фукушима се случи нуклеарна катастрофа, која беше предизвикана од разорен земјотрес и цунами, а надлежните јапонски власти постепено ги укинуваат рестриктивните мерки по првичната евакуација на населението од поширокото подрачје на регионот.

    Полициска станица е отворена за прв пат по 11 години и пет месеци во областа Футаба, која по катастрофата се претвори во „град на духови“. Тоа место се наоѓа на само три километри од електраната, која се наоѓа на брегот на океанот.

    „Ќе го задржам мирот и ќе ја поддржам областа за да се обезбеди безбедно враќање на жителите“, рече Умемија Хиротака, моментално единствениот полицаец вработен во новоотворената полициска станица.

    Јапонските власти во март 2020 година им дозволија на локалното население да ги посетат населбите околу нуклеарната централа бидејќи нивото на радиоактивност беше значително намалено, а дури оваа недела беше укината наредбата за евакуација и на локалното население им беше дозволено да се вратат во своите домови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img