Плати половина од сметките за струја на Железници и Транспорт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на Железници и Транспорт. Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието на Република Северна Македонија.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Свети Николе ијави дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. Македонски Железници и Транспорт имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.

– Со тоа ќе продолжи грижата од страна на Владата и поддршката за ова претпријатие, кое е витално претпријатие и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот на патничкиот транспорт – вели Бочварски.

Тој посочи дека долгот на македонски Железници и Транспорт варира и се менува какошто вели од ден на ден.

– Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на македонски Железници и Транспорт. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта – вели Бочварски.

Share This Article