Платформата за родова еднаквост тврди дека неговите изјави за жените се кршење на Уставот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Длабоко сме загрижени од неодамнешната изјава на владиката Петар во врска со правата на жените и нивната положба во современото општество. Иако го почитуваме неговото право на сопствени мислења и верувања, не можеме да прифатиме дека феминизмот е опасна и деструктивна идеологија – реагира Платформата за родова еднаквост, независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 28 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Северна Македонија.

„Родовата рамноправност е основно човеково право кое е вградено во меѓународната правна рамка и е од суштинско значење за создавање на еднакво општество. Жените и девојките ширум светот и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и маргинализација, а феминистичкото движење, предводено од жени и сојузници, има клучна улога во оспорувањето на штетните родови норми, преку застапувањето за родова еднаквост.

Изјавите како онаа на Владиката Петар единствено служат за овековечување на штетните родови стереотипи и ја зајакнуваат дискриминацијата на жените. Со сугерирањето дека жените кои ги бараат своите права треба да бидат подготвени да извршуваат повеќе должности, владиката Петар во суштина тврди дека жените треба да бидат казнети затоа што се залагаат за сопствените права. Ова не само што е длабоко неправедно, туку е и спротивно на принципите на еднаквост и правда што сите ние се стремиме да ги почитуваме.

Бараме Поглаварот на МПЦ ОА г.г.Стефан и Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ОА-Јустинијана да го разреши г. Петар од должноста Митрополит и негово целосно расчинување заради повреда на Уставот на Република Северна Македонија и повреда на основните човекови права и слободи.

Ова барање произлегува од непоправливоста на Митрополитот Петар во своето однесување, со кое произнесува ретроградни и антицивилизациски ставови кои се спротивни на христијанството како религија.

Воедно бараме да се активира Одлуката на САС на МПЦ за расчинување на Митрополитот г. Петар донесена од Синодот под претседателсво на г.г. Гаврил која е извршна и е стапена во сила на денот на донесувањето 14 јуни 1990 година.

Би сакале да го потсетиме Владиката Петар дека правата на жените се човекови права и дека феминизмот и борбата за рамноправност на жените и еднакви можности е клучна за создавање праведно општество. Наместо да го осудуваме феминистичкото движење и да го обвинуваме за општествени прашања, треба да работиме заедно кон креирање на општество кое ја прифаќа различноста, промовира рамноправност и обезбедува прстап кон еднакви можности за сите поединци“ – се вели во реакцијата на Платформата за родова еднаквост.

Share This Article