Пјаниќ објави фотографија во традиционална арапска облека и го запали интернетот
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ од летово е член на Шарџа од Обединетите Арапски Емирати.Мире е вистинска ѕвезда во својот нов клуб, а навивачите го следат секој негов чекор.
Така денеска со својата фотографија буквално го запали интернетот.
Имено, Пјаниќ објави фотографија во традиционална арапска облека со натпис „Елхамдулилах“, што во превод значи „благодарам на Бога“.
Фотографијата за еден час собра повеќе од 140 илјади лајкови и над 5 илјади коментари.