Пилотот со драматичната порака до патниците преплаши многумина од нив!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На летот од Ланзароте до Ливерпул е забележан досега невиден настан кога капетанот на авионот побарал од 20 патници доброволно да го напуштат леталото со паричен надомест, бидејќи се претешки и не може да се справат со силните ветрови, високите температури и должината на пистата.

Видеото во кое капетанот на летот „U233364“ на „easyJet“ моли 20 патници кои не им е толку итно вечерта да пристигнат во Ливерпул, да го напуштат леталото поради силниот ветер, високата температура и должината на пистата стана вистински хит на социјалните мрежи. Видеото првично беше објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ и за само три дена го погледнаа повеќе од два милиони луѓе!

Капетанот на авионот објасни дека три фактори се одговорни за неговото необично барање. Тоа се висока температура на воздухот, силен ветер и должина на пистата.

Тој рече дека авионот бил претежок за новите околности и затоа побарал 20 патници да излезат и да се откажат од летот. На секој од нив им понудил по 500 евра бидејќи авионот нема да може безбедно да полета.

Како што изјави портпаролката на аеродромот, љубезно се јавиле 19 лица и се откажале од летот. Парите биле уплатени на нивната сметка во знак на благодарност.

 

Share This Article