Пилот загина во експлозија на авион за обука

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пилотот на грчкиот авион за обука „Т-2 бакеј“ загина кога неговиот авион се урна  во близина на градот Каламата на јужниот дел на Пелопонез, јави државната телевизија ЕРТ.

При слетувањето на авионот за обука од американско производство, во кој бил само 40-годишниот пилот Костас Епаминондас, според очевидци се слушнала експлозија.

На местото на несреќата пристигнаа спасувачки екипи, полиција, пожарникари и војска.

Авионот „Т-2 бакеј“  од американско производство првпат полета кон крајот на 1950-тите и служеше како главен авион за обука на грчките воздухопловни сили со децении.

Во наредните месеци планирано е тој да биде повлечен од употреба.

Share This Article