More

    Пикси: Ќе ја одведам Србија на ЕП 2024, во тоа нема сомнеж

    spot_img

    Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси беше презадоволен по победата над Црна Гора со која значително се доближија до пласман на ЕП 2024 година.

    „Пресреќен сум поради оваа голема победа. Играчите покажаа солиден карактер и одличен менталитет, како што треба да биде кога станува збор за ваков натпревар. Знам дека овие играчи ќе дадат се што имаат за дресот. Имаме отворена врата за Германија“, изјави Стојковиќ.

    Нему му остана само да го потврди пласманот на ЕП и да стане првиот селектор на Србија што ги предводи „орлите“ и на Светско и на Европско првенство. За тоа е потребен барем бод против Бугарија.

    „Јас ќе ја одведам Србија на еврото, нема сомнеж во тоа. Важно е што Србија покажа големо срце и големо тактичко знаење. Бев многу мирен, бидејќи сите тие влезови на играчи на полувремето, тактиката, сето тоа беше однапред подготвено. Не изгубивме надеж по Будимпешта, момците одлично реагираа“, изјави Пикси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img