More

    Пикси го потсетија како полагал за тренерска лиценца по скратена постапка

    spot_img

    Некогаш славниот фудбалер, сега актуелен селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, во дел од српската спортска јавност е цел на критики поради поради играта и резултатите на националниот тим.

    Еден од најжестоките критичари на легендарниот Пикси и на тоа како игра Србија под негово водство е поранешниот српски репрезентативец и познат спортски коментатор Раде Богдановиќ. Тој неодамна изјави дека бил зачуден кога дознал дека Пикси има месечна плата од дури 120 илјади евра и покрај тоа што Србија под негово водство доживе дебакл на Светското првенство, а едвај се пласира на ЕП, само со победи над Црна Гора и Летонија. . Новинарите побараа од Стојковиќ да ги коментира тврдењата на Богдановиќ, а селекторот прашал – „Кој е тој?“

    Богдановиќ на српската телевизија Уна рече дека со Пикси дека добро се познаваат и го потсети дека биле заедно кога полагал за профи лиценца во Македонија.

    – Бидејќи не ме познава, ќе му кажам како ме познава. Еден месец пред да побегне од Србија, тој дојде во Македонија, на Дојранското Езеро, да полага за профи-лиценца за да замине во Јапонија да биде тренер. Полагаше по скратена и привилегирана постапка, а јас случајно бев студент на тренерската струка. Има еден детал што можам да го поврзам во тоа време за тоа како функционира Српскиот фудбалски сојуз и како се добиваат лиценците. Ова е прв пат да го кажам ова откако Пикси рече дека не ме познава. Еве, сега ќе се сети на мене“ – изјави Богдановиќ.

    Српскиот коментатор потоа го потсети Драган Стојкиќ Пикси и на некои „непознати детали“ од нивниот престој на Дојранското Езеро.

    – Србија е голема, но премала за да организира тренерска школа во Србија, па отидовме во Македонија. Ние 6-7 тренери и 3-4 љубовници. Бевме долу кај тоа езеро и тогаш во хотелот дојде Драган Стојковиќ Пикси. Беше сместен на вториот кат, спроти мојата соба. Тој ден кога дојде отиде да се истушира. Никој не му кажа дека немаме вода преку ден поради рестрикцијата. Потоа Пикси излегува од собата, пешкир околу половината, пена од шампон на главата, едното око затворено, со другото на криво гледа во мене и ме прашува: „Богдан, има ли топла вода?“ Му велам: „Пикси, немаме топла вода, има рестрикција од 8 до 6 навечер, ќе мора да се тушираш со ладна“. Многу добро знам дека тој мене ме познава – раскажува Богдановиќ за случувањата во Дојран.

    Тој исто така откри и дека легендарниот фудбалер во Дојран добил тренерска лиценца по скратена постапка.

    – Тогаш тој доби лиценца по скратена постапка. Менторот сам го избра, тој беше од Франција. Не дозволи ментор да му биде човекот што го викаа Свиња. Затоа мислам дека добро ме познава – вели српскиот спортски коментатор за односите со Драган Стојковиќ Пикси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img