More

    Пијан камионџија минал на црвено и уништил над 30 возила

    spot_img

    Три лица се повредени кога пијан возач на камион налетал на повеќе од 30 автомобили во градот Фирт во германската провинција Баварија.

    Камионот, управуван од 50-годишен Турчин, поминал на црвено светло на раскрсница, се судрил со автомобил, а потоа налетал на повеќе од 30 паркирани возила.

     

    Голем број автомобили се сериозно оштетени, а избувна и пожар во кој целосно изгореа некои од возилата.

    По судирот камионот се запалил, а пламенот се проширил на делови од станбени згради, поради што неколку станари беа евакуирани.

    Според информациите од полицијата повреден е возачот на камионот, како и возачот на автомобилот со кој се судрил камионот кога поминал на црвено светло, а исто така и еден пешак е повреден.

     

    – Никогаш не сум видел таков размер на уништување. Можеме само да ја замислиме силата со која камионот удрил во автомобилите. Можеше да се случи кошмарно сценарио доколку на улицата имаше повеќе пешаци – изјави портпаролот на полицијата за германски Билд, опишувајќи го местото на несреќата. Штетата се проценува на меѓу 400.000 и 500.000 евра.

    Полицијата го уапсила возачот, 50-годишниот турски државјанин без постојан престој во Германија. Веднаш по несреќата му бил направен алкотест, а од полицијата велат дека бил далеку над секоја дозволена граница на алкохол во крвта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img