Петтоодделенец во Србија фрлил стара клупа кон наставникот по музичко и му нанел тешки телесни повреди

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Петтоодделенец во Србија фрлил стара клупа кон наставникот по музичко и му нанел тешки телесни повреди, пишува српски Мондо.

За време на попладневната смена во основното училиште „Ратко Павловиќ Чиќко“ во Прокупље, Србија, се случил инцидентот, петтоодделенец фрлил стара клупа кон наставникот по музичко, А.М., и му нанел тешки телесни повреди. Во таа прилика му го скршил палецот на ногата. Станува збор за наставник кој следната година оди во пензија.

Како што се дознава, на наставникот му помогнала екипа за итна медицинска помош и веднаш бил префрлен во Универзитетскиот клинички центар на Ниш. Според сведочењето на учениците и на оние кои во тој момент биле во училиштето, ниту дежурниот полицаец ниту присутните наставници не можеле да го задржат ученикот.

– Сè траеше еден час, а ученикот цело време врескаше. Не дај, Боже, тоа да беше дете наместо наставникот – раскажуваат сведоци.

Share This Article