Петтемина во подморницата „Титан“ ги чека клаустрофобија и борба за живот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тоа што заглавените петмина во подморницата „Титан“ немаат храна и вода не е најлошо, а тие ќе се соочат со уште пострашни нешта како што е клаустрофобијата, гадењето и главоболките, но и многу ниската температура на дното на морето, вели поранешен капетан на подморницата и маринец Дејвид Маркет за Си-Ен-Ен.

Според Маркет, подморницата е или на дното на морето или на површината. Тој рече дека замислува дека патниците се гладни и жедни, згрчени поради жештината и може да имаат психички проблеми и гадење, но дека тоа „веројатно нема да ги убие“.

Да беа живи, рече тој, веројатно ќе им беше многу непријатно.

– Тие се смрзнуваат. Водата која целосно ја опкружува подморницата „Титан“ е речиси замрзната. Кога издишуваат, нивниот здив се кондензира. Има мраз на внатрешните делови на подморницата. Сите тие се стуткани заедно, обидувајќи се да ја зачуваат телесната топлина. Остануваа без кислород, а издишуваат јаглерод диоксид – смета Маркет.

Но, тоа што патниците ќе се смрзнуваат внатре и ќе имаат хипотермија, според еден друг експерт, може да им помогне, „да биде нивен пријател“, а сè ќе зависи од нивниот метаболизам.

– Постои можност доколку доволно се оладат и изгубат свест да преживеат. Срцето може да биде многу бавно кога е ладно – изјавил за Би-Би-Си д-р Кен Ледез, експерт за хипербарична медицина на Универзитетот Меморијал во Сент Џонс, Њуфаундленд.

На прашањето дали би можеле да преживеат една недела откако ќе истече кислородот, докторот одговара дека се сомнева во тоа.

– Но, некои можат да преживеат подолго од другите – заклучил докторот.

Share This Article