More

    Петнаесет министри за одбрана на земји-членки на НАТО денеска во Брисел потпишаа писмо со намери за заедничка набавка на системи за ПВО

    spot_img

    Петнаесет министри за одбрана на земји-членки на НАТО денеска во Брисел потпишаа писмо со намери за заедничка набавка на системи за ПВО, а Хрватска сè уште не се приклучила бидејќи веќе билатерално разговара со Франција, изјави хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.

    Тој информира дека Хрватска за ова разговарала и со Германија, но дека приклучувањето е одложено бидејќи Хрватска веќе разговарала со Франција за противвоздушна одбрана од краток дострел.

    – По падот на дронот во Загреб во март годинава, приоритет ја ставивме противвоздушната одбрана, пред се системите со краток дострел, а преку билатерални разговори со Франција веќе обезбедивме материјални ресурси на ниво на еден баталјон, изјави Баножиќ по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО.

    Тој посочи дека Хрватска и Франција ги започнале билатералните разговори уште во март, а за германската иницијатива се разговарало последните неколку недели.

    Тој додава дека не е доцна Хрватска да се приклучи на германската иницијатива кога ќе се види дали овие системи ќе бидат компатибилни со договорените системи со краток и среден дострел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img