Петмина припадници на американската армија го загубија животот во несреќа на американскиот воен авион кој се урна во Средоземното Море за време на вежба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Петмина припадници на американската армија го загубија животот во несреќа на американскиот воен авион кој се урна во Средоземното Море за време на вежба, соопшти Европската команда на американската армија.

Од Европската команда на американската армија не соопштија за каков тип на авион се работи и од каде полетал, но САД неодамна стационираа носач на авиони во областа за да спречат секој обид за ескалација на војната меѓу Израел и Хамас.

„За време на рутинска задача за полнење гориво за време на лет во рамки на воена вежба, американски воен авион со пет војници се урна во Средоземното Море. Петте војници во авионот загинаа“, се вели во соопштението на Европската команда на американската армија.

Војската на САД информираше за таа несреќа, која се случила „вечерта на 10 ноември“ во источниот Медитеран, не наведувајќи ја веднаш информацијата за судбината на војниците.

– Џил и јас се молиме за семејствата и пријателите кои ги загубија своите сакани – дел од нивната душа. Целата нација сочувствува со нив – вели американскиот претседател Џо Бајден.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Вашингтон му обезбеди воена помош на Израел и ги зголеми своите сили во регионот, особено испраќајќи го носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ и други воени бродови.

Share This Article