Петмина повредени во две сообраќајки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера околу 13 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за село Добрушево и село Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од село Канатларци, прилепско.

„Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп“, информира МВР.

Денеска (15.09.2024) во 00.45 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од улица Индустриска и локалниот пат за село Курија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34) од село Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, се наведува во полицискиот билтен.

Share This Article