Пет лица загинаа во пукање во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, објавија во понеделникот властите на државата Вашингтон.
Во престрелката животот го загубија двајца возрасни и три деца, а едно девојче е рането, соопшти полицијата.
Портпаролот на Одделот на Шерифот, Мајк Мелис, на новинарите на местото на настанот изјави дека осомничениот е приведен без инциденти.
Засега не е познат мотивот на злосторството, ниту дали сите инволвирани во овој трагичен настан се поврзани со семејството.
Замениците на Шерифот добиле повеќе повици за пукање во дом во Фол Сити, околу 10 милји источно од Сиетл. Пред да пристигнат лекарите на местото на злосторството, на жртвите им била укажана прва помош од соседот.
Осомничениот 15-годишен е однесен во малолетничкиот центар и во вторник или среда треба да се појави на суд.