На седум дена пред да истече рокот за за собирање на потписи (8 март), петмина кандидати за шеф на државата го собраа потребниот број од 10.000 потпишани со што го обезбедија своето место на листите на претседателските избори, објави Државната изборна комисија .
Синоќа професорката Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ објавија дека стигнале до потребната бројка од 10.000 потписи.
Претходно потребните 10.000 потписи ги собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од „Вреди“ и Максим Димитриевски од „ЗНАМ“.
Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Давкова-Силјановска денес и утре се очекува официјано да добијат поддшка од партиските тела на партиите, по што и двајцата ќе собираат граѓански потписи.
Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се одржат и паралемнтарите избори.