More

    Петличковски: Епидемиолошката состојба во земјава е стабилна

    spot_img

    На претпоследниот состанок на Комисијата за заразни болести било одлучено дека нема потреба секојдневно во медиумите да се објавува ковид-статистиката, туку само на неделно, вели за Плусинфо претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски.

    – Пред речиси две недели епидемиолозите препорачаа, а сите се согласивме, дека нема потреба дневно да ги следиме бројките, бидејќи апсолутно ништо специјално не можевме да заклучиме од нив, па поради тоа во јавноста се споделуваат неделните извештаи – објаснува Петличковски.

    Во последниот извештај што го сподели Министерството за здравство, имаше информација дека се регистрирани 196 нови случаи на ковид-19, 8 лица се починати, а пак како оздравени се водат 221 пациент.

    Запрашан дали се следи состојбата во светот со новозаболени од коронавирусот, особено во Кина и најавите за зголемување на бројот на новоинфицирани во некои од европските земји, Петличковски потврди, но порача дека во моментов кај нас нема потреба од дополнителна грижа.

    – Се разговара за состојбите со коронавирусот во Кина, во Германија и во САД, но секоја од земјите е со свои специфики, па поради тоа можеме да кажеме дека кај нас нема ништо слично со тоа што на пример се случува во моментов во Кина – категоричен е директорот на Комисијата.

    Поради студеното време, како и поради циркулацијата на повеќе луѓе во затворен простор, д-р Петличковски очекува во Македонија да има благо зголемување на бројот на новозаболени со ковид-19. Но, според него, тоа нема значително да влијае на здравствениот систем, како што тоа беше во претходните неколку бранови, кога во болниците беа затворани оддели и беа пренаменети за лекување на лица позитивни на коронавирусот.

    – Останува дали ќе имаме зголемување на бројот на нови случаи и дали ќе бидат заболени или само позитивни. Но,  можно е во следниве недели да има зголемување на бројот на нови случаи. Сепак, сметам дека тоа нема да биде ни приближно како  во кризната состојба. На тоа укажуваат податоците кои ги имаме од оние лица кои во последно време се заболени со ковид-19 и нивната клиничка слика – вели Петличковски.

    Директорот на комисијата за заразни болести вели дека состојбата ќе се следи постојано, па доколку има потреба, ќе се интервенира. Сегашната ковид-ситуација не наложува нови рестриктивни мерки. И натаму се препорачува за задолжително носење на маски во болници, аптеки, јавен превоз и во старечки домови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img