More

    Петковиќ: Кфор да интервенира и да ги отстрани специјалните единици на косовската полиција

    spot_img

    Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на прес-конференција рече дека Белград го повикува КФОР да интервенира и да ги отстрани специјалните единици на косовската полиција од север.

    Петковиќ изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради новонастанатата ситуација на северот и апсењето на М.М. постојано се слуша со пратеникот на ЕУ Мирослав Лајчак и други меѓународни претставници со цел да се изврши притисок врз Аљбин Курти да престане со насилните дејствија.

    Тој најави дека командантот на КФОР Анѓело Ристучи утре ќе дојде во Белград и ќе разговара со Вучиќ и со началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ.

    Потсетуваме дека поради денешното апсење на М.М во Северна Митровица затворени се сите угостителско-стопански објекти, а откажана е и церемонијата на дипломирање за учениците од гимназијата во Митровица, која беше закажана за денеска.

    Неколку десетици Срби кои протестираа поради апсењето на М.М. Собрани денеска пред Здравствениот дом и Техничкото училиште во Северна Митровица, тие постојано скандираа „Предавство, предавство“ и упатуваа навредливи пароли против претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

    Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља изјави дека уапсениот М.М. бил водач на криминални групи и еден од организаторите на нападот на Кфор и косовската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img