Петков наредил целосна проверка на проектот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскот премиер Кирил Петков наредил целосна проверка на проектот „Турски поток“, изграден по прекинот на „Јужен поток“, јавија бугарските медиуми.

Според неговото објаснување, неговите коалициски партнери ја гледаат корупцијата како клучна алатка за влијанието на Путин во Бугарија. Ставот го искажа на почетокот на владина седница.

– Овој тип на проект е токму она што се зборува кога корупцијата се користи како надворешнополитичко средство од Путин – нагласи Петков.

Тој додаде дека по посетата на САД е договорена набавка на течен гас по ниски цени, а паралелно, Министерството за енергетика на Бугарија ќе продолжи да преговара за дополнителни набавки.

Share This Article