Петиција од над 25.000 гласа го повикува Зеленски да го урне споменикот на Екатерина Велика во Одеса и да го замени со биста на Били Херингтон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Петиција од над 25.000 гласа го повикува украинскиот претседател Володимир Зеленски да го урне споменикот на руската царица Екатерина Велика во Одеса и да го замени со биста на Били Херингтон, украинска и светска легенда во геј-порното. Херингтон снимал филмови во 90-тите, а е познат во Jапонија под мемето „Гачимучи“. Идејата е да биде претставен како седи во бар со шише пиво.

Претседателот Зеленски има 10 дена да одговори на петицијата. Истовремено, во петицијата се бара и нешто поголемо – легализирање на хомосексуалните бракови во земјата, пишува Би-Би-Си. Украина ги признава ЛГБТ луѓето, но не и нивните бракови. Војната дополнително ги комплицира нештата. Доколку војник кој е хомосексуалец почине во борбите, неговиот партнер не смее да го собере и да го закопа неговото тело.

Ова предизвика посебни проблеми за ЛГБТ луѓето кои се пријавија да се борат и да ја бранат Украина во војната.

Не е првпат Украинците со петицијата да бараат права за ЛГБТ-заедницата. Во март локалните власти од градот Запорожје побараа плоштадот Мајаковски, именуван по познатиот руски поет да се прекрсти во „Били Херингтон“.

Share This Article