More

    Пет земји на континентот имаат екстремно десничарски влади

    spot_img

    Долгорочните напори да се задржат екстремистичките сили надвор од власт во Европа официјално се завршени, пишува бриселски „Политико“, предупредувајќи на подемот на екстремната десница низ обединетиот континент.

    Весникот потсетува дека европските политички партии од секаков вид со децении ги здружуваа силите за да ја држат екстремната десница далеку од лостовите на моќта и тврди дека таа стратегија, позната во Франција како „cordon sante“ („заштитен ѕид“) паѓадодека популарноста на популистичките и националистичките партии расте низ целиот континент.

    Пет земји од ЕУ: Италија, Финска, Словачка, Унгарија и Чешка имаат екстремно десничарски партии во владата.

    Во Шведска, опстанокот на извршната власт зависи од договорот за доверба со националистичките шведски демократи, кои се втората по големина сила во парламентот.

    Во Холандија, антиисламскиот политичар Герт Вилдерс е на работ на моќта, откако склучи историски договор за формирање на најдесничарската влада во поновата холандска историја.

    Според анкетите спроведени од Политико во Франција „Националниот фронт“ на ултрадесничарката Марин Ле Пен ја доби довербата на околу 30 отсто од гласачите, што е далеку пред партијата „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон.

    Од другата страна на Рајна, Алтернатива за Германија, партија под полициски надзор поради своите екстремистички ставови, е на второто место во анкетите, заедно со социјалдемократите.

    Тие партии би можеле да го искористат моментот и да формираат моќен политички блок две недели пред изборите, но само доколку успеат да го задржат своето единство, пишува Политико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img