Пет работници загинаа, а тројца се тешко повредени во несреќа на градилиште во Фиренца

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пет работници загинаа, а тројца се тешко повредени во несреќа на градилиште во Фиренца.

Несреќата се случила вчера кога на градилиштето на супермаркетот за ланецот „Еселунга“ паднала бетонска плоча.

Италијанските медиуми јавија дека жртвите се еден Италијанец, тројца марокански државјани и еден Тунижанец.

Пожарникарите извлекоа тројца преживеани и четири тела, а денеска спасувачите од под урнатините се обидуваат да го извлечат телото на последната жртва, но ситуацијата е сложена.

Претседателот на регионот Тоскана, Еугенио Џани, рече дека спасувачите веруваат дека последното исчезнато лице е мртво.

Во 2021 година во Италија загинале 601 работник.

– Можеме да кажеме дека загинаа пет лица – рече Ѓани.

Share This Article