Пожарникарите со пет противпожарни возила успеале да фатат избеган индиски питон кој побегнал од куќата на својот сопственик во Барселона, јавуваат шпанските медиуми.
„Нема сомнеж дека се работи за азиска змија. Она за што не сме сигурни е за каков вид станува збор, токму поради тоа што има форма и боја што е вообичаена кај змиите одгледани во заробеништво. Значи, бојата што ја има е различна од нејзината дива колешка, па мораме да видиме за кој вид точно станува збор. Но, тоа секако е вид кој може да расте многу, до или повеќе од 5-6 метри, а тежи до или повеќе од 15-20 кг. Ова се карактеристиките што можеме да му ги припишеме на тоа животно досега“, вели Алберто Мартинез, научник од Центарот за обновување на рептили во Каталонија.
Тоа е, додаде, животно на кое му треба документација SITES, што значи дека му треба документација за увоз или поседување.