Пет лица загинаа во средата кога мал авион се урна веднаш по полетувањето од аеродром во Литл Рок, Арканзас, САД, соопштија властите.Двомоторниот авион се урнал недалеку од „Националниот аеродром Бил и Хилари Клинтон“.
Авионот „Бич БЕ20“ се урнал, експлодирал и се запалил за време на невреме со грмотевици со ветрови од 40 милји на час, а на истражителите ќе треба да утврдат дали временските услови биле фактор за несреќата.