По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, во соработка со БИА и МУП на Србија – Службата за борба против дрога, во вторник во Србија се уапсени пет лица осомничени дека шверцувале кокаин од Шпанија, Холандија и Белгија во Србија. Уапсени се Д.К, В.В, И.П, М.В. и Љ.С., поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, соопштија од тоа обвинителство.
Оваа организирана криминална група се сомничи дека во периодот од 6 април 2023 година до 5 март годинава шверцувала околу 70 килограми кокаин со транспорт на дрогата од територијата на Кралството Шпанија, Холандија и Белгија за продажба на територијата на Србија и другите земји од Западна Европа.
Организираната криминална група, покрај денеска уапсените, ја сочинувале уште четири лица – Б.Б, Д.Р, Ѓ.С. и Д.А., државјани на Србија, а се во притвор на територијата на Србија, СР Германија и Франција.
Приведените во Србија ќе бидат сослушани во Јавното обвинителство за организиран криминал во Белград, по што ќе биде донесена одлука за поведување истражна постапка.