На подрачјето на градот Скопје од денеска до петок во период од 22 до 03 часот, наредниот ден, ќе се реализира четвртата фаза од терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Градот Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
Од Градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.