Песната за која сите зборуваат, но и спотот, дефинитивно е новата нумера „Flowers“ на Мајли Сајрус

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Песната за која сите зборуваат, но и спотот, дефинитивно е новата нумера „Flowers“ на Мајли Сајрус. Во видеото добиваме неколку навестувања кои откриваат детали од нејзиниот приватен живот, а токму кога помисливме дека имаме сѐ, се појави уште еден.

Досега имавме референца за тоа дека нивната куќа изгорела во пожар, дека го снимила спотот за „Flowers“ во куќата која нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсфорт ја користел за швалерисување, дека го облекла неговиот костум во видеото од премиерата на која тој ѝ рече дека конечно треба да почне да се однесува како што треба. А спотот за „Flowers“ е објавен на неговиот роденден.

 

Сега добивме уште еден интересен детаљ којшто може да значи нешто, а може да биде и само случајност.

Во видеото, Мајли носи винтиџ златен фустан на Ив Сен Лоран од 1991 година, кој е многу сличен на оној што Џенифер Лоренс го носеше на премиерата на „Игра на гладта“, филм во кој глумеше со нејзиниот поранешен сопруг Лиам. Џенифер во една прилика рече дека порано се забавувала со Лиам. Сега сите се прашуваат дали е ова референца на тоа што и таа спаѓа во групата од 14 девојки кои Лиам ги однел во куќата од спотот.

Можеме само да претпоставуваме дали ова е „суптилно“ навестување и прозивање или само случајност.

Инаку, песната „Flowers“ Мајли ја објави токму на роденденот на Лиам Хемсворт – 13 јануари. Песната веќе соборува рекорди.

ФОТО: Јутјуб

Share This Article