Песната „Отрове“ која Северина ја испеа во соработка со ЈалА Брат достигна 100 милиони прегледи на Јутјуб.
Со тоа достигнување на Инстаграм се пофалија и текстописецот и пејачката.
„Скромни 100 милиони“, напиша Јала Брат во објавата која ја сподели и Северина.
Тоа е песната со најмногу прегледи на Јутјуб каналот на Северина. Следи песната Фалиш која пејачката ја објави минатата година во соработка со бугарскиот пејач Азис. Фалиш собрал 64 милиони прегледи за една година. Потоа следува Туторијал, Море на тагата и Италијана и песната Rođeno moje која Северина му ја посвети на синот.
Песната Otrove беше објавена во март 2017 година како втор сингл од нејзиниот албум Halo, кој беше објавен две години подоцна. Јала Брат ја напиша песната за Северина.
„Кога ја слушнав песната Отрове, слушнав поет, слушнав натпросечен талент, кој не е ни свесен за тоа. И тоа е она што му дава шарм и зошто луѓето го сакаат. Ти благодарам, Јала брате, летај понатаму во височините…” – рече тогаш Северина.
„Песната е напишана во доцните часови и е направена само за Северина. Искрена е и има јасна порака која ќе се најде кај сите оние кои барем еднаш биле отруени од љубов“, додаде Јала Брат.
Спотот во режија на Петар Пашиќ е снимен на повеќе локации во Белград, меѓу кои и Синиот воз, попознат како Титовиот воз.