Песната Evidemment, која годинава ја претставува Франција на Евровизија, одеднаш скокна од 11-то место на обложувалниците на четвртото место и со тоа стана еден од фаворитите за победа на овогодинешниот натпревар.
Песната во изведба на канадската Ла Зара собра 3,4 милиони прегледи на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб, а пејачката е омилена меѓу евровизиските фанови ширум Европа.
Букмејкерите во моментов и даваат 5 отсто шанси за победа.
Кој е Ла Зара?
Фатима Захра Хафди, уметничко име Ла Зара, е канадско-мароканска пејачка. Таа се истакна во 2016 година кога соработуваше со раперот Нира на синглот Printemps Blanc. Минатата година таа ја објави песната Tu T’en Iras со спот, кој за само две недели собра речиси милион прегледи на YouTube.
Инаку, Франција на Евровизија учествувала 64 пати, од самиот почеток во 1956 година. Победила пет пати, но последната победа ја имала во 1977 година, пред 45 години. Франција е членка на големата петорка, што значи дека оди директно во финалето, како и Шпанија, Велика Британија, Германија и Италија, пишува Index.hr.
Србинот Лук Блек моментално е на 15-то место, две места напредува од почетокот на неделата кога беше на 17-то место.