Бруталното убиство на 2-годишната Данка Илиќ во приградската населба Банско Поље кај Бор и по 15 дена ја тресе Србија и регионот. Додека полицијата и специјалните тимови сè уште го бараат нејзиното тело, на социјалните мрежи секојдневно се збогуваат со убиеното девојче, а еден од корисниците и посветил песна која ја расплака Србија.
ВЕ МОЛАМ, ВНИМАВАЈТЕ
„Внимавајте на нејзините рачиња, кога ја барате, под купот ѓубре.
Ве молам, внимателно!
Најдете ја по мирисот, таа е среќата на тато.
Цвет, на депонија.
Ангелски прамени на свилената коса, поради тебе плачам.
О, бездушен свету, што ти скриви тоа невино дете?
Нив совеста не ги пече, девојче драго, тие што сакаа да исчезнеш без трага.
И не е виновна таа Виена!
Ни таткото твој, ни мајката твоја, што залудно плаче додека со денови го бара своето слатко маче.
Внимавајте на нејзините очи! Во нив престојува недосонуван сон.
Тука има кукли и шноли, среќно детство и бела венчаница.
Знам, ќе ви биде тешко кога ќе стигнете до телото.
Поради нејзините две години.
И на насмевката внимавајте, со неа отиде во смрт, да внесе радост во рајската градина“
Ова е тажната песна за малата Данка, објавена на 4 април, денот кога беа уапсени осомничените за нејзиното убиство.
Како што се наведува на социјалните мрежи, автор на оваа песна е Милодраг Кнежевиќ-Мики.
Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ влезе во шести ден. Полицијата неуморно ги пребарува сите места во Бањско поле и околината за што поскоро да го најде телото на девојчето.
Во текот на вчерашниот ден беа прегледани и нови локации: просторот околу барата лоцирано во селото Злот, недалеку од имотот на Дејан Драгијевиќ, првоосомничен за убиството на девојчето. Пребаран е и резервоарот во пиланата на истиот имот, како и целата пилана. Сепак, од девојчето сè уште нема трага.
Малата Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, а по 10 дена потрага и детални проверки на сите траги и информации, полицијата ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ (двајцата на возраст од 50 години) од Бор, кои се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство и соизвршителство. Обвинетите не откриваат каде е телото на малата Данка.