Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир Зеленски, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков забележа дека сѐ уште нема никакви новости за тоа прашање, пренесе Тасс.
– Веќе кажавме дека рускиот претседател во принцип никогаш не одбил таква средба, но пред да се одржи, мора да се исполнат одредени услови, односно да се дополни текстот на документот – рече Песков.
Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече де ка средбата меѓу Путин и Зеленски не е далечна, туку дека во моментов се чека на согласноста и ставот на рускиот лидер.