Песков вели дека нов договор за бродовите е тешко изводлив

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За Украина би било ризично да продолжи да извезува жито преку Црното Море, откако Москва го прекина учеството во договорот постигнат со посредство на ОН за олеснување на транспортот, соопшти денеска Русија.

– Во услови кога Русија зборува за неможноста да се гарантира безбедноста на превозот во тие области, таков договор е тешко изводлив и добива поинаков карактер – многу поризичен, опасен, без гаранции – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ја обвини украинската страна дека со своите постапки ги прекршила условите од договорот.

Во саботата, Русија соопшти дека го суспендира своето учество во тој договор по нападот врз нејзината црноморска флота.
Share This Article