Песков потврди дека е ажурирана нуклеарната доктрина на Москва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија постојано мора да реагира на невидената ескалација на конфликтот предизвикана од американската администрација во заминување, а указот на рускиот претседател Владимир Путин за ажурирање на нуклеарната доктрина може да се смета за „сигнал за Западот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Путин мора да одговори на оваа невидена ескалација, која беше предизвикана првенствено од администрацијата во заминување во Вашингтон. Тоа мора постојано да се прави – рече Песков во интервјуто со новинарот Павло Зарубин, пренесува РИА Песков рече дека во ова нема случајности, туку дека има „одредена шема“.

На 19 ноември со указ беше сменета нуклеарната доктрина на Москва. Со новите правила Москва може нуклеарно да одговори и на напад со ненуклеарно оружје.

Песков, сепак, рече дека не знаел однапред за плановите за користење на рускиот ракетен систем „Орешник“, со кој беше нападнат Дњепроперовск во Украина, и дека тоа е државна тајна.

Share This Article