Песков: Нема многу надеж дека договорот за извоз на украинско жито ќе биде продолжен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека „нема многу надеж“ дека договорот за извоз на украинско жито ќе биде продолжен, пренесува Ројтерс.

Договорот за жито, со кој се гарантира безбедноста на бродовите со жито што одат до и од украинските пристаништа преку водите контролирани од Русија, истекува на 18 јули.

„Фајненшл тајмс“ во понеделникот објави дека ЕУ го разгледува предлогот Руската земјоделска банка да формира филијала за повторно поврзување со глобалната финансиска мрежа, како притисок за Москва да го продолжи договорот.

Кога договорот беше потпишан во јули 2022 година, ОН и Русија потпишаа и меморандум за разбирање со кој се обврзаа ОН да обезбедат непречен пристап за руските ѓубрива и другите производи до глобалните пазари.

За исполнување на меморандумот, Русија вели дека мора да се исполнат неколку услови, вклучително и реадмисија на Руската земјоделска банка (Росселхозбанк) во меѓународниот банкарски систем за плаќање SWIFT со седиште во Белгија.

„Засега немаме што да кажеме за спроведувањето на делот од договорот што се однесува на руската страна“, изјави Песков за извештајот на ФТ.

„Засега забележуваме дека овој дел од договорот се уште не е исполнет. Има уште време да истече рокот, но нема многу надеж“, додаде тој.

Rosselkhozbank не одговори на барањето на Ројтерс за коментар за извештајот на FT, ниту за статусот на какви било преговори со ЕУ.

Share This Article