Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.
Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.
– Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена – истакна Песков.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.