More

    Песков: На Русија ѝ се потребни мигранти за развој, поради неповолната демографска ситуација

    spot_img

    На Русија ѝ се потребни мигранти за развој, поради неповолната демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    „Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но нè има малку“, вели Песков.

    На 12 ноември, Русија усвои закон со кој се забранува промовирање на начин на живот без деца, со цел да се поправи длабоката демографска криза наследена од советската ера и значително влошена од конфликтот во Украина.

    „За да можеме динамично да се развиваме, да ги реализираме сите развојни проекти, потребна ни е работна сила. Руските власти можат само да го поздрават доаѓањето на мигрантите во Русија“, рече Песков.

    Руската Федерација се простира на огромни пространства од Источна Европа и Северна Азија и со својата површина од 17.075.400 квадратни километри е најголемата земја во светот. Руската територија зафаќа 11,5 % од вкупната светска површина. По бројот на население, 144,5 милиони  жители, Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img