More

    Песков му одговори на Бајден

    spot_img

    Портпаролот на дворецот Кремљ во Москва се согласува со американскиот претседател дека постои потреба од „нов светски поредок“, но рече дека „американско-центристичката“ визија за обединување на светот е надмината.

    Секој нов систем треба да биде „ослободен од концентрацијата на сите механизми на светско управување во рацете на една држава“, посочи тој.

    Портпаролот Дмитриј Песков, всушност, во понеделникот ја коментираше изјавата која шефот на САД Џо Бајден претходно ја даде во петокот говорејќи за кризите во Украина и во Тајван.

    – Мислам дека имаме одлична можност да го обединиме светот на начин како што не бил обединет одамна и да ги подобриме шансите за мир, а не да ги разнишаме шансите за мир – рече американскиот претседател.

    Реакцијата на Песков од Кремљ гласеше:

    – Во овој сегмент не се согласуваме дека Соединетите Американски Држави. Без разлика за каков поредок зборуваат, тие мислат и се однесуваат само на американско-центристичкиот светски поредок, односно светот што се врти околу САД. Но тоа веќе нема да биде така.

    Истовремено, Вјачеслав Володин, претседателот на долниот дом на рускиот парламент рече дека како што на корпоративниот менаџер со банкрот на рацете нема повторно да му се верува како работи со туѓи пари, „никој во светот нема да ги прифати Бајден и САД, кои го уништија глобалното безбедносен систем, да изградат нов светски поредок во нивни интереси“.

    Во своето последно обраќање од Белата Куќа Бајден исто така ги спореди рускиот претседател Владимир Путин и Хамас – организацијата која го контролира Појасот Газа, а која повеќе западни земји ја прогласија за терористичка

    – Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат нешто заедничко: сакаат да ги уништат соседните демократии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img