Песков е бесен поради одлуката на Вашингтон за баталјонот Азов

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кремљ негативно го оцени укинувањето на забраната на американските власти за испорака на оружје на украинскиот баталјон Азов, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, јавува руската информативна агенција РИА.

– Исклучително негативно – изјави тој за новинарите.

Опишувајќи го „Азов“, Песков истакна дека „се работи за ултранационалистички вооружени единици“.

– Таквата ненадејна промена на ставот на Вашингтон укажува дека тие не се срамат од ништо во обидите да извршат притисок врз Русија, користејќи ги Украина и украинскиот народ како инструмент во свои раце. Подготвени се дури и да флертуваат со неонацистите – обвини претставникот на Кремљ.

Тој истакна дека „тоа уште еднаш ја потврдува исправноста на загриженоста на Москва во однос на трендот на ширењето на неонацистичките идеи во светот“.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори на Стејт департментот, објави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе му дозволи на украинскиот национален баталјон Азов да користи американско оружје.

Волонтерскиот баталјон „Азов“ е формиран во 2014 година и оттогаш се бори на страната на вооружените сили на Украина.

Борците на „Азов“ учествуваа во битките за Мариупол во пролетта 2022 година. По предавањето во мај, во септември истата година, 215 „Азовци“ беа разменети за 55 руски војници и украинскиот политичар Виктор Медведчук.

Договорот беше постигнат со помош на Турција, каде што петте команданти на Азов требаше да останат до крајот на конфликтот „под лични гаранции“ на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Сепак, во јули 2023 година, тие се вратија во Украина. Во исто време, „Азов“ беше трансформиран во бригада и нејзините приадници беа вклучени во Националната гарда на Украина.

- Advertisement -
Ad image

„Вашингтон пост“ истакна дека пред десетина години на Азов му било забрането да користи оружје испорачано од САД, бидејќи американските власти верувале дека некои од неговите основачи наводно имале расистички, ксенофобични и ултранационалистички ставови. Покрај тоа, претставници на ОН за човекови права ја обвинија бригадата за кршење на хуманитарното право.

Во новата изјава на Стејт Департментот во кој се укинува долгогодишната забрана Азов да користи американско оружје, се вели дека  не можеле да бидат пронајдени сериозни докази дека Азов извршила сериозни прекршувања на човековите права, односно дека го скршила американскиот закон.

Портпаролот на Стејт Департментот одби да прецизира кога е укината забраната или дали оружјето доставено од САД веќе е доставено во Азов.

- Advertisement -
Ad image

Според рускиот закон, Азов е терористичка организација.

Share This Article