Перо ќе го убедува Костадин да седне на маса со ЗЕЛС

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски по денешната средба со неговиот колега Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов не дојде на состанокот иако беше поканет.

Ѓорѓиевски додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но дека е логично кога се работи да постојат несогласувања.

– Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме разликите, какви и да се и колку и длабоки да се. ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов, кој е потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе се потруди да седнеме заеднички на маса со Костадин Костадинов. Верувам, како и Стевчо што кажа, дека нема да излезе од ЗЕЛС и ќе остави простор да ги надминеме проблемите – изјави претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и додаде дека ќе застане зад секој колега градоначалник без разлика од која политичка партија доаѓа.

Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу Јакимовски и Костадинов со претставниците на централната власт.

Share This Article