Потценување е да се каже дека нема повеќе љубов меѓу Реал и Килијан Мбапе. Ова го потврди церемонијата на доделувањето на Златната топка во Париз.
Како што пренесува Marca, во текот на целата вечер било видливо како претседателот на Реал, Флорентино Перез и Килијан Мбапе се држат на дистанца.
Покрај тоа, Перез ги отфрли гласините дека Реал повторно би можел да се вклучи во доведувањето на францускиот напаѓач.
„Не сум уморен од тие гласини, но навистина не читам за тоа. Имаме одлична иднина со Винисиус и Родриго. Тие се врвни играчи кои можат да ја освојат Златната топка“, коментира Перез.
Марка пишува и дека газдата на Реал срдечно го поздравил и бакнал Зинедин Зидан, поранешен играч на „кралскиот клуб“, но и тренерот кој го предводеше клубот до три последователни титули во Лигата на шампионите.