More

    Пеп: Не бев премногу загрижен што губиме 1:0 од Звезда

    spot_img

    Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, почна да ја брани титулата европски првак со победата против Црвена Звезда со 3:1 на „Етихад“.

    Гвардиола по натпреварот беше задоволен.

    „Одигравме навистина добро, но головите не ни одеа. Но, бевме доследни и на крајот го добивме натпреварот“, изјави Гвардиола за ТНТ и продолжи:

    „Да имате 22 удари кон голот во првото полувреме значи дека играте навистина добро. Напаѓачите мораа да постигнат дел од тоа. Да постигневме два гола уште на стартот, се ќе беше поинаку. Како и против Вест Хем, одигравме фантастичен натпревар. Пропуштивме шанси, но и ги создадовме и сигурен сум дека ќе ги добиеме сите натпревари. На полувремето не бев премногу загрижен дека губиме со 1:0. Им кажав на момците дека не можеме да кажеме дека играме лошо. Им реков да се смират, да заборават на резултатот и дека ќе се вратиме. Така се случи“.

    Херој на дуелот е Џулијан Алварез, кој ги постигна првите два гола за Сити.

    „Тој го заслужи тоа што му се случува. На секој натпревар работи напорно, прави многу, постигнува голови и асистенции“.

    Бернардо Силва се повреди во првото полувреме.

    „Не знам што се случи со него. Сè уште не сум разговарал со докторот. Се надевам дека не е многу лошо“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img