Пентагон нема сила да седи на две столчиња?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД доцнат со испораките на оружје за Тајван трудејќи се навреме да му го испорачаат ветеното на Киев, а ова чекање направило пратката за Тајпеј од 14 милијарди долари да порасне на 18,7, што е речиси еднакво со 18,2 милијарди за Украина. Новата статија на Волстрит Журнал вели дека Пентагон е во тесно пробувајќи да седи на две столчиња.

Тајван уште ја очекува помошта која влучува 208 противтенковски оружја „Javelin“ и 215 противвоздушни ракетни системи, како и двата нарачани уште во 2015 година. Тајванската влада не го коментираше извештајот, но нејзиното Министерство за одбрана претходно оваа година призна дека САД можеби нема да испорачаат одредени нарачки според распоредот „поради промените во меѓународната ситуација“.

Во изјава за Волстрит журнал, портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, рече дека САД „ќе продолжат ревносно да работат за да му обезбедат капацитети на Тајван што е можно побрзо, истовремено грижејќи се Украина да може да се одбрани од руска агресија“.

Веста во врска со проблемите со испораката доаѓа во време кога глобалните синџири на снабдување сè уште се опоравуваат од прекините предизвикани од пандемијата ковид-19, а САД го обвинуваат Пекинг дека ги поттикнува тензиите околу Тајван.

Пекинг го смета островот, кој има посебна влада од доцните 1940-ти, за дел од сопствената територија и силно се противи на каква било форма на дипломатско признавање или странска воена помош за Тајпеј.

Share This Article