Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, соопшти неговиот Кабинет.
Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ претседателот Пендаровски ќе биде пречекан од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.
Според вообичаениот систем на ротација, оваа година во Крушево ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери, а премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати пред споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале во Скопје.