Пендаровски смета дека шефот на државата треба да им ја покаже чергата на тие што го предложиле

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски денеска најавувајќи ја својата граѓанска кандидатура за шеф на државата објасни зошто смета дека е подобро тој да биде избран на општи избори а не во Собрание.

-Далеку е подобро да имате претседател кој е назависен во однос на политичките субјекти па и во однос на економските центри на моќ, кога сте бирани на општи избори отколку кога сте бирани во Собрание. Ако смеам да шпекулирам, во 2019 за аферата Рекет бев во директна колизија со ставовите на тогаш владејачката партија. Јас ви тврдам ако бев избран во Собрание, дури и со квалификувано мнозинство, ќе бев сменет истото попладне. На Македонија ѝ е потребна ваква независна институција која може да биде баланс, мора да постои една морална вертикала која дури и на оние кои го предложиле и го гласале ќе им каже „до тука“ – рече тој.

ДУИ неодамна предложи изборот на шефот на државата да се пресели во Собрание.

Share This Article