More

    Пендаровски смета дека економска соработка со повеќе земји има поголем значење во криза

    spot_img

    Меѓу Северна Македонија и Република Полска постои растечка економска соработка, но трговската размена во изминатите години не соодветствува на економските потенцијали на двете држави, констатираа денеска претседателите на Северна Македонија и Полска, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда за време на полско-македонскиот економски форум, во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.

    Во своето обраќање на форумот, Пендаровски изразувајќи задоволство што во интензивните контакти со претседателот Дуда секогаш во фокусот се издвојува место за економската соработка, рече дека тој сегмент добива уште поголемо значење ако се земат предвид сите потешкотии со кои се соочува целиот европски континент заради руската воена агресија во Украина.

    Тој додаде дека речиси и да не постои земја која не е економски погодена од воениот конфликт во Украина и која би можела самата да се справи со сите предизвици.

    Во такви услови, краткорочните решенија, кои сме присилени да ги носиме, само делумно ги ублажуваат негативните ефекти од неекономските фактори. Затоа, натамошното системско и структурно јакнење на економската соработка меѓу нашите земји се наметнува како прв приоритет, бидејќи полза од тоа имате не само вие како стопанственици, туку и нашите граѓани кои директно ги чувствуваат ефектите од таквата соработка – рече Пендаровски.

    Претседателот Пендаровски, потсетувајќи дека меѓу Северна Македонија и Полска веќе постојат солидна договорно-правна основа и воспоставена мрежа на контакти меѓу бизнисите и соодветните институции, оцени дека направениот клучен исчекор во европските интеграции, отворајќи ги преговорите за членство во ЕУ, позитивно ќе влијае на севкупниот бизнис амбиент и натамошното економско поврзување со пријателските земји-членки на Унијата.

    Пендаровски изрази очекување дека бизнис заедниците на двете држави ќе успеат, дури и во вакви, кризни времиња и тешки ситуации да пронајдат можност за просперитет.

    – Постојат голем број сфери каде имаме потреба од зголемена соработка и не смееме да чекаме подобри времиња, туку веднаш да се адаптираме на новата реалност и заеднички да ги искористиме сите понудени шанси. Секоја успешна бизнис приказна дополнително ги зацврстува и нашите билатерални односи, а тоа денес, во услови на нестабилност и атак врз нашите заеднички демократски вредности од страна на ретроградни меѓународни субјекти, е дополнителна вредност – рече Пендаровски.

    Претседателот Пендаровски престојува во дводневна официјална посета на Република Полска. Со државни и воени почести, изутрината во Варшава, беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што се одржа тет-а-тет средба на двајцата претседатели, пленарен состанок на македонската и полската делегација, како и средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img