Денеска претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали размислува да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во април идната година, кажа кусо и категорично НЕ. Тој не го образложи потоа неговиот кус одговор. Но, од неговиот кабинет ја релативизираа изјавата.
„Премногу е рано да се даде таков одговор. Сѐ ќе зависи од поддршката на граѓаните и на партиите“, реагирале од Кабинетот до неколку национални телевизии кои ја пренесоа изјавата на Пендаровски.
Прашање е дали оваа изјава на Пендаровски предизвикала мал политички потрес во владејачката коалиција, со оглед на тоа што Пендаровски важи за еден од фаворитите за претседател, кој би бил поддржан и од ДУИ.